Промотер

Најпопуларниот македонски јутјубер Стефанатор ја одбра Мартија за своето музичко сефте – „Шо праеш?“

Најпопуларниот македонски јутјубер Стефанатор ја одбра Мартија за своето музичко сефте – „Шо праеш?“

Најпопуларниот јутјубер во Македонија Стефан Рашковиќ – Стефонатор сними дует со младата музичка ѕвезда Мартија Станојковиќ, а песната која е насловена „Шо праеш“, очекувано стигна во пакет со интересно видео.

Станува збор за своевидна преработка на хитот „Сакам да те галам“ (2008 год.)  која заеднички ја снимија „Паркети“ и Елена Ристеска, а како автор на музиката е потпишан Сашо Паркет, а новите стихови се дело на Иван Ајнштајн.

Миксот и мастерингот, пак, ги направи Џи-Пи, додека сето тоа визуелно го заокружил Томислав Живковиќ.

Како сето тоа звучи и изгледа проследете во продолжение.