Промотер

Најдете време да ги преслушате Македонката Анета Џорџ и Мартин Милсент трио – „Give It Time“ (ВИДЕО)

Најдете време да ги преслушате Македонката Анета Џорџ и Мартин Милсент трио – „Give It Time“ (ВИДЕО)

Анета Џорџ е македонска композиторка, пејачка и пијанистка, која веќе неколку години живее во Париз. Зад псевдонимот Анета Џорџ се крие всушност името на Анета Качуркова, некогашната членка на женската вокална поп група „ПС“  од Скопје од средината на 90-те. Јавноста ја памети и понејзината соработка со Роберт Билбилов („Април“), но и како соло вокал („Порака“).

Досега таа има соработувано со музичари како Оскар Салас, Тони Китановски, Васил Хаџиманов, Мишел Хендрикс, Чарлс Тарнер, Седрик Анрио, Меџик Малик, Џејмс Робинс… Има настапувано во Индија, Јужна Африка, насекаде во Европа со нејзиниот проект „Universal Love“.

Париз/Лондон – Moods and Modes е горд да го најави новото албумско издание на Анета Џорџ и Мартин Милсент Трио наречено „Playground“, кое е достапно на сите музички платформи.

Новиот албум е нејзина соработка со француското џез трио предводено од композиторот и пијанист Мартин Милсент, и е фузија меѓу соулфул џез и нејзините македонски мелодии и ритами.

Нејзиното ново видео за првиот сингл од албумот насловен “Give it time” можете да го погледнете во продолжение: