Промотер

На Мартија Станојковиќ и треба „Возбуда и љубов“ (ЛИРИК ВИДЕО)

На Мартија Станојковиќ и треба „Возбуда и љубов“ (ЛИРИК ВИДЕО)

Младата кумановка, поп пејачката Мартија Станојковиќ остави забележителен впечаток на последниот „Макфест 2019“. Како со својата песна  со која настапи на фестивалот, насловена „Возбуда и љубов“ така и со својот впечатлив и возбудлив сценски настап за кој ја доби и наградата од 500 евра, како изведувач со најдобро изведен перформанс на сцената на „Макфест 2019“.

Темата „Возбуда и љубов“ инаку е комплетно авторско дело на Александар Масевски, чии се музиката, стиховите, аранжманот, продукцијата, миксот и мастерингот. Песната е во модерен поп-денс/ар ен би стил, со танцувачки ритам и мелодија и рефрен зачинети со стихови кои се паметат, низ кои провејува позитивната мисла и струи позитивна енергија.

Едноставно Мартија добила песна која е адекватна за нејзината вораст и генерација, а таа со својата изведба и одличниот костимиран сценски настап збогатен со соодветна кореографија, на најдобар начин ја донесе песната комплетирајќи го впечетокот.

Како минува времето младата кумановка полека расте и со возраста, но и со музичката зрелост, па од нејзиното емотивно и духовно созревање, очекуваме и музички да созрее и прерасне во една од водечките перјаници на домашната естрада, за што го има сиот потенцијал и сите предиспозиции, а времето работи во нејзина полза.

Во меѓувреме, уживајте во нејзиното најново фестивалско остварување, лириквидеото за макфестовската „Возбуда и љубов“ иработено од Бојан Стојковски.