Промотер

Моќно и гордо: Вака звучи и изгледа евровизиската песна на Тамара – „Proud“ (ВИДЕО)

Моќно и гордо: Вака звучи и изгледа евровизиската песна на Тамара – „Proud“ (ВИДЕО)

Тамара и МРТ, вчеравечер, 8 март, ја пратставија Евровизиската песна „Proud“ со која пејачката ќе не претставува во Израел. Едноставна, но исклучително моќна балада, фасцинантно отпеана со сугестивниот, впечатлив и разурнувачки вокал на Тамара и стихови кои во себе носат силна порака од која морници ти поминуваат по телото. Така отприлика може да се опише чувството кога за прв пат ја слушате нашата евровизиска песна и исполнението на на Тамара. Со еден збор кажано: Моќно… Како никогаш досега!

Зашто покрај песната се чини дека овој пат имаме и комплетен пакет, комплетен мозаик кој ги склопува коцкичките на мозаикот за евровизиски успех… И песна, и пејачка и изглед и што е најважно силна порака… И тоа општо прифатена, општоцивилизациска, универзална! Затоа и во старт можеме да бидеме „горди“! Резултатот на крајот конечно и не е важен. З а него одлучуваат и многу други, немузички фактори! Важен е само впечатокот кој ќе го оставиш! Слушајќи ја премиерно „Proud“ веднаш е јасно дека нема втора шанса за прв впечаток… Зашто од неа нема ни потреба! Тамара и нејзиниот, нашиот евровизиски тим не направија горди уште на прво слушање! Се надеваме и радосни на претстојниот Евросонг во Телавив. Зашто ваква песна, навистина и е потребна на Европа…И не само нејзе, му е потребна на светот! А ние ја имаме!

За мозаикот да биде комплетен, а впечатокот уште посилен се погрижиле авторите и на видеото кое ја заокружува приказната. Едноставно, а исто толку моќно колку и песната. Видео во кое се испреплетуваат дузина помалку или повеќе познати, до сосема анонимни македонски женски ликови од естрадниот, културниот, општествениот и јавниот живот. Познати манекенки и модели, пејачки и водителки, актерки, писателки, лекарки… до мали дечиња, меѓу кои и ќерката на Тамара, Хана. Од Тијана, Катерина Ивановска, Ана Исаиева, преку Ана Стојановска и Винка Саздова, до Јагода Михајловска – Георгиева и др. Софија Пејкова… како симбол на силни, успешни, горди жени… Тие на себе, а нивните семејства и општеството на нив! Жени, чиј еден поглед, една гестикулација, едно движење во спотот кажува повеќе од илјада зборови, потенцирајќи ја основната порака на песната… „Proud“!