Промотер

„Могли смо у двоје“ е првата песна на Антониа Гиговска на српски јазик (видео)

„Могли смо у двоје“ е првата песна на Антониа Гиговска на српски јазик (видео)
фото:принтскрин/јутјуб

По синглот „Никогаш не вели никогаш“, кој беше објавен во месец октомври минатата година, младата македонска пејачка и учесничка во „Пинк ѕвездички- all stars“, Антониа Гиговска, денес преку интернет каналот Јутјуб и социјалните мрежи ја промовира новата песна.

Станува збор за музичката тема насловена „Могли смо у двоје“, чија музика ја потпишува Дарко Димитров со кого Гиговска за првпат соработува.

фото:принтскрин/јутјуб

Текстот е на Владимир Даниловиќ, а пак спотот е изработен од Даниел Јовески. Исто така за првпат песната и спотот на Антониа се под продукцијата „Меџик рекордс“.

По неколкуте успешни синглови кои ги имаше на македонски јазик, а беа дело на македонскиот композитор Лазар Цветковски, Гиговска реши и таа да има песна од Дарко Димитров, па да биде во тек со младите пејачки на српската естрада кои перидов ги бараат неговите песни.

„Могли смо у двоје“ е во модерен електронски ритам, а веројатно Гиговска решила да го освојува и српскиот музички пазар, бидејќи регионот веќе ја запозна преку одличните претставувања во гореспоменатото талент шоу.