Промотер

Митевски и Дац со макфестовската песна се обидоа да се врати она наше време, а и тебе – „Ѓавол да те земе“ (ВИДЕО)

Митевски и Дац со макфестовската песна се обидоа да се врати она наше време, а и тебе – „Ѓавол да те земе“  (ВИДЕО)

Минатиот викенд во Штип се одржа 35-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2020“, а помеѓу учесниците беа и  дуото Драган Спасов Дац – Александар Митевски кои настапија со песната „Ѓавол да те земе“.

Дац и Митевски имаа забележителен настап, а  на сцената беа придружувани од дувачкиот состав „Brasstet Скопје“.

Неуморни и секогаш расположени за дружба, веднаш по завршувањето на фестивалот, закажаа промоција на видео спотот за макфестовската „Ѓавол да те земе“, а таа се одржа пред неколку дена во клубот „Tribeca“ во Скопје.

Музика и  овој пат ја напиша Александар Митевски, текстот  е заедничко дело на Митевски и Дац, додека  аранжманот го потпишуваат Иле Спасев и Горан Илиевски. 

Музички продуцент е Иле Спасев, а веќеспоменатиот дувачки состав „Брастет Скопје“ гостува во песната и спотот, а во која покрај нив уште свират: гитари – Иле Спасев, виолина – Илија Филиповски,  бузуки – Трајче Ставревски,  кларинет – Момчило Митровски.

Видео спотот како и обично кога се песните на дуото Митевски – Дац во прашање и овој пат го изработила екипата на „Pikado Creative Collective“ видеопродукција.