Промотер

Мите Стоилков во новата балада и порача – „Оди си“ (ВИДЕО)

Мите Стоилков во новата балада и порача  – „Оди си“ (ВИДЕО)

Победеникот на „Пинковите ѕвезди“ струмичанецот Мите Стоилков деновиве ја промовираше својата нова песна насловена „Оди си“, чии автори се композиторот Дуду Ахарон и текстописецот Огнен Неделковски, а за аранжманот се погрижи самиот Мите.

Снимањето на песната се одвивало во студиото „Сити саунд“ со Љупчо Соколовски, кој ги направи и миксот и мастерингот.

Во создавањето на оваа емотивна балада учествуваа и Зоран Костадиновски на гитара, Никола Автовски на бас-гитара и Бранислав Автовски и Димитар Михајловски на виолини, а придружните вокали ги отпеа Сара Николовска. Сето тоа визуелно го дополни режисерот Даниел Јовески, со Сара Дамчевска и Синиша Стојаноски во главните улоги.

По минатогодишната „Само она“ ова е втора авторска песна за Стоилков, кој изминатиот период нè почести со неколку одлични преработки, а за во иднина најавува уште многу авторски проекти.

Како изгледа и звучи оваа одлична балада о талентираниот струмичанец дознајте во продолжение.