Промотер

Миле Кузмановски запеа уште една за душа и неговиот „Чадор стар“ (видео)

Миле Кузмановски запеа уште една за душа и неговиот „Чадор стар“ (видео)
фото:принтскрин/јутјуб

Фолк пејачот Миле Кузмановски на своите бројни обожаватели денес преку интернет каналот Јутбуб и социјалните мрежи им ја промовира својата најнова песна насловена „Чадор стар“.

Музиката е на Александар Петковски, текстот го напиша Огнен Неделковски, додека за аранжманот беше задолжен Рубин Димковски.

фото:принтскрин/јутјуб

Песната е заокружена и со видео приказна, односно е изработен и видео спот чија реализација е на Дарио Јанковиќ, а истиот е снимен во еден елитен ресторан во Скопје.

Миле Кузмановски досега понуди многу песни без кои не поминува речиси ниедна прослава, а овој пат преслушајте ја „Чадор стар“ за која не се сомневаме дека ќе ви разгали душа: