Промотер

„Mayday” не можат без рок ен рол, иако… -„Можам без тебе“ (ВИДЕО)

„Mayday” не можат без рок ен рол, иако… -„Можам без тебе“ (ВИДЕО)

Неодамна македонската музичка сцена е побогата за уште еден нов бенд кој има за цел да ја промовира македонската рок музика. велат дека сакаат тоа да го направат на свој – оригинален начин, со авторска музика, а понекогаш и со снимање на кавери.

„Mayday”  неодамна ја издадоа и својата прва песна, поткрепена со видеоспот за истата.

“Замислата е да снимаме само авторски песни. Имаме доста материјал за обработка, работиме веќе и на наредните песни кои се средуваат аранжманите. Македонската музичка сцена моментално е замрена, особено рок ен ролот. Нема многу бендови и авторски песни, па се обидуваме да придонесеме да се негува и одржува таа музика и кај нас колку што е можно повеќе” – вели Никола Младеновски, член на бендот.

Како млад бенд кој допрва треба да се докажува пред македонската публика која и тоа како е пребирлива, тие сакаат и работат на тоа еден ден да бидат на ниво  со кое  би се појавиле на препознатливите и надалеку познати: “Пивофест”, “Д Фестивал”, “ВиноСкоп”… како и многу други музички настани, манифестациии и фестивали во Македонија и регионот.

Во продолжение, преслушајте ја нивната најнова песна “Можам без тебе”, а истовремено, погледнете го видеото за истата.

Останати вести од Промотер