Промотер

Матеј Фолц има – „Идеја?“ (ВИДЕО)

Матеј Фолц има – „Идеја?“ (ВИДЕО)

Матеј Фолџ (Matej Foltz) гo освои нашите срца со брилијантната песна  „Понеделник“, а само во последниве неколку месеци имаше повеќе настапи во живо, со што покажа дека е сериозен во намерите да се запише помеѓу значајните артисти на денешницата.

Гоце САФ го знаеме одамна. Оригинален „легионер” и член на култните САФ, пионер на македонскиот хип хоп и еден од најуспешните диск џокеи, продуценти и промотери на хип хоп културата и музиката во нашата земја. Вистинска легенда од скопскиот асфалт. Но не легенда само заради нештата што ги направил во минатото и што ги прави сега, туку и поради тоа што знае да препознае и признае талент и квалитет кај артистите што доаѓаат. Па не попусто човекот се вгради во локалната сцена, а овој процут кој го доживуваме денес е токму резултат на неговата и работата на луѓето како него. Паметен, логичен и прогресивен спој на младост и искуство, вистинска Идеја од мигот на инспирација, па до финалниот продукт во форма на оваа песна и видео. Нова урбана номенклатура.

Текст и вокал: Матеј Фолц,  Музика: TenSixty, 5R, DJ Гоце САФ,  Микс и мастер: DJ Гоце САФ,  Анимација: Ангела Стојковска

Извор: Реборн