Промотер

Мартина Блажеска со нејзините „Розови неба“ беше дел од меѓународниот проект „Songs for World Peace“ (ВИДЕО)

Мартина Блажеска со нејзините „Розови неба“ беше дел од меѓународниот проект „Songs for World Peace“ (ВИДЕО)

Мартина Блажеска е млада македонска талентирана пејачка со врвно музичко образование и веќе докажан успех во музиката во светски рамки.

Нејзината најнова песна „Розови Неба“ беше напишана за International Day of Peace (Меѓународниот ден на мирот) и е дел од меѓународниот проект „Songs for World Peace“ (Песни за мир во светот), кој е поддржан од Обединетите Нации, а беше промовирана токму на 21 септември, меѓународниот ден на мирот.

Глобалната иницијатива „Песни за светскиот мир (Songs for World Peace)“ , на овој ден претстави повеќе од 100 композиции, напишани специјално за овој повод, од музичари од целиот свет, а помеѓу нив беше и нашата Мартина. Истиот ден, 21 септември, песната имаше промоција и во македонскиот радиоетер на скопското „Радио Бубамара“.

Зад проектот на Мартина Блажевска стои интернационална екипа. Автори на музиката се самата Мартина Блажеска и Мартин Милер, а текстот е на  Мартина.

Продукцијата и миксот ги направил Мартин Милер, додека за мастерингот бил задолжен  Торстен Солберг.

Видеото за песната е снимено во Лајпциг, Германија, а режијата ја потпишува Јан Поч, кој заедно со Мартина стои и зад видеопродукцијата. Кореографијата во спотот е на Морган Рид, кој и самиот заедно со Мартина Блажеска се појавува како танчер.

Како звучат и изгледаат „Розовите неба“ на Мартина Блажеска, проследете во видеото во продолжение: