Промотер

Мартија Станојковиќ го промовира спотот за „Next to me“ (видео)

Мартија Станојковиќ го промовира спотот за „Next to me“ (видео)

Откако кон крајот на месец јуни ја промовираше својата трета песна „Те сакам“, младата и талентирана кумановка Мартија Станојковиќ на својата публика и го претставува спотот за песната која и беше втора по ред,  „Next to me“.

Песната е испеана на англиски јазик, а е дело на странски автори: Џеф Гуерити, Џош Глазер, Алаја Џад,Ерл Коен.

Приказната од видеото пак, е во реализација на Огнен Шапковски.

Младата пејачка која публиката ја памети по успехот кој го постигна во „Пинк ѕвездички“, спотот го промовираше на социјалните мрежи и интернет каналот Јутјуб, а фановите и порачаа дека е подготвена за кариера надвор од земјата.

Погледнете го најновото од Мартија: