Промотер

Мартија, Мина, Драгана и Трио Џентлмен празнично порачуваат – „Ние сме сите Македонија“ (ВИДЕО)

Мартија, Мина, Драгана и Трио Џентлмен празнично порачуваат – „Ние сме сите Македонија“ (ВИДЕО)

Младите македонски пејачки имиња Мартија Станојковиќ, Мина Блажев и Драгана Јовановска, заедно со оперското Трио Џентлмен по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија ја издадоа својата заедничка композиција „Ние сме сите Македонија“.

Видеото е во продукција на „Дел Рио филмс“ на Оливер Ромевски, а режијата на истото на кое доминираат природните убавини од различни локации на Република Македонија ја потпишува режисерот Александар Николоски.

Автор на музиклата и аранжманот е нашата врвна пејачка и музички педагог Андријана Јаневска, додека стиховите ги потпишуваат Оливер Ромевски и Александар Николоски.

Уживајте во убавината на песната и спотот од нашата прекрасна татковина Македонија на која како издавач се потпишува Обединетата македоска дијаспора.