Промотер

„Марлон Брандо“ од самоизолација ви праќа – „Пучна песна“ (ВИДЕО)

„Марлон Брандо“ од самоизолација ви праќа – „Пучна песна“ (ВИДЕО)

Македонскиот актер и пејач Кирил Трајковски пoпознат под псевдонимот „Марлон Брандо“, веќе неколку дена се наоѓа во самоизолација заедно со уште еден негов пријател.

Двајцата пред неколку дена се вратија од Шпанија, поточно од Барселона, а во авионот со кој слетале во Скопје еден од патниците беше позитивен на коронавирус.

Патувањето во Барселона, Кирил го искористи и да сними видеоспот за неговата најнова песна „Поучна песна“.

Музика та за песната ја напишале Кирил Трајковски и Александар Кипровски, текстот Кирил Трајковски, продукцијата и аранжманот ги потпишува Александар Кипровски Идејата е на Кирил Трајковски, а саксофон во „поучна песна“ свири Стефан Илиески. Видео изработката е аедничко дело на Марко Соколовски и Кирил Трајковски.

Кирил или Марлон Брандо вчера премиерно го објави видеото на неговиот профил на Фејсбук, а во описот го напиша следното:

 

– Карантин – Ден 6

„Денеска нема многу да пишувам како се чувствувам едноставно ќе ве почастиме со најновиот спот. Ова видео произлезе од нашата авантура во Барселона која се надевам ќе заврши со среќен крај. И кажи фала, те молам ќе бидеш добар друже, сонувај дека си ѕвезда. Верувај силно во тоа и ти си богат сине ова е поучна песна. Огромна благодарност до Марко Соколовски кој секогаш е покрај мене па дури и во карантин. Благодарност и до Александар Кипровски без него ништо немаше да се случи, фала и за Стефан Илиевски кој дојде да отсвири сакс. Уживајте и бидете среќни и нека оваа песна стане химна на љубовта, надежта и среќата“…

Погледнете го видеоспотот за неговата „Поучна песна“, кој го сподели од самоизолација: