Промотер

Марис Џолин на „Либеро бенд“ им е – „Најмила“ (ВИДЕО)

Марис Џолин на „Либеро бенд“ им е  – „Најмила“ (ВИДЕО)

По минатогодишниот хит „Моја“ чиј видеоспот го промовираа кон карајот на мај, членовите скопскиот „Либеро бенд“ не престануваат да ја освојуваат публиката. Нивната нова песна носи наслов „Најмила“ и за разлика од претходната чиј автор беше макдонскиот рапер Слаткаристика, овој пат музиката ја компонирале самите челенови на бендот.

Стиховите пак, се дело на уште едено македонско дуо, хип-хоп и ар-ен -би раперите „2 бона“, односно  Марко Јелиќ – Кун и Антонио Стојановски – Тонито, додека за аранжманот се погрижил Иван Иванов – Ивајо, ќи исто така се миксот и мастерингот на песната.

Новиот потенцијален хит на групата е во електро-поп-реге стил и претендира со својот заразен рефрен да ги освои радиостаниците и нивните топ листи, додека во едноставното, но мошне симпатично видео во кое се појавува 23 годишната штипјанка Марија Јовева, модел попозната по своето уметничко име Марис Џолин, која сме ја гледале до сега и во спотовите на други македонски изведувачи, како не пример Тајзи.

Новата песна на Либеро бенд „Најмила“ и видеото за неа, изработено од  „GodEye Production“ можете да ги проследите во продолжение.