Промотер

Македонскиот бенд „2Be“ и Французинот Gloridie Tuzolana ја преработија „Ој девојче, девојче“ (ВИДЕО)

Македонскиот бенд „2Be“ и Французинот  Gloridie Tuzolana ја преработија „Ој девојче, девојче“ (ВИДЕО)

Македонскиот бенд “2Be” има нова преработка, овој пат тоа е дует со Глоридие Тузолана (Gloridie Tuzolana) од Франција. После сите направени преработки на забавна музика овој пат тие се одлучија за малку поинаков стил од тоа претходно и направија преработка на македонска народна песна “Ој девојче девојче” со малку поинаков аранжман.

“За Глоди ова е прв пат да пее на Македонски јазик и му е навистина чест и задоволство, тој од првото слушање ја запомни мелодијата и ја снимивме во рок од половина час” – велат од бендот.

Тие исто така најавија дека ова е само почеток и дека ќе следуваат уште многу преработки, и секако уште многу нивна авторска музика.