Промотер

Македонката од Лондон, Јова Радевска ви го претставува својот „Невин човек“/ Yova – „An Innocent Man“ (ВИДЕО)

Македонката од Лондон, Јова Радевска ви го претставува својот „Невин човек“/ Yova – „An Innocent Man“ (ВИДЕО)

Јова Радевска, македонската кантавторка која последниве години живее и твори во Лондон,  по последниот сингл, насловната тема од албумот „You’re The Mirror“,  има нов сингл, четврти по ред.

Новата тема излегува по пауза од речиси 5 месеци и носи наслов  „An Innocent Man“ („Невин човек“), а истата е визуелизирана со преубаво анимирано видео, чии анимации во потполност кореспондираат со приказната во стиховите на песната на Јова.

Таа преку својот сугестивен и треперлив, но мошне впечатлив вокал, на волшебен начин ни ја раскажува потресната универзална приказна за една страшна човечка судбина на невин, скршен човек, немоќен да ја одбрани вистината, судбина која завршува со трагичен крај.

Автори на песната се самата Јова Радевска и Марк Вернон (Jova Radevska & Mark Vernon), аранжманот го направил Роб Елис (Rob Ellis), додека виолина во песната свири Ана Пебе (Anna Phoebe), а виолончело  Ник Холанд (Nick Holland).

Видеото кое веќе го споменавме или поточно неговата анимирана сторија ја потпишува Џес Коуп (Jess Cope) во продукција на „Owlhouse Studios“.

Приказната секако ќе продолжи, нешто што го најавува и самата Јова, Македонка која се обидува да направи што поголем пробив, позначаен успех и позабележителна кариера во Лондон и Велика Британија воопшто, нешто што никому до сега од овие наши простори не му успеало.

Проследете го нејзинито најново остварување, нејзиниот „An Innocent Man“:

Останати вести од Промотер