Промотер

Македонката Андреа одново атакува на европските топ листи со – „Talk to Me“ (ВИДЕО)

Македонката Андреа одново атакува на европските топ листи со  – „Talk to Me“ (ВИДЕО)

Откако минатата година која за сите нас беше катастрофална и крајно депресивна, младата македонска пејачка  Андреа влезе во 2021 со една весела перспектива  по големиот успех што токму среде корона пандемија постигна планетарен успех со своите први две песни. Затоа на 2. април годинава реши да го издаде новиот сингл „Talk to Me“. Овој сингл е забавна, безгрижна трака која зборува за уметноста на флертот.

„Навистина сакав да направам песна која ќе го одвлече вниманието и ќе им овозможи на луѓето да уживаат, да не се повлечат, туку да се релаксираат и да танцуваат“ – изјави Андреа.

Нејзиниот прв сингл, „I Know“ имаше премиера на престижниот британски музички блог Blackplastic, а нејзиниот втор сингл кој излезе нешто подоцна во 2020 „I Don’t Know Your Name“, ги надмина сите очекувања со приближно 140.000 стримови меѓу оригиналот и ремиксите.

Оваа млада македонска поп изведувачка во европски подем вели дека целта зад „Talk to Me“ e да се искреира свеж, модерен звук испреплетен со ретро синтвејв елементи.

Стиховите од типот: „…Дon’t wanna wait or hold back, don’t wanna lose you out of sight” ја потенцира страсната потреба која луѓето ја имаат во моментот кога прв пат се „затрескуваат“.

„Talk to Me“ е паузата која на сите ни е потребна, пауза од сите сериозни теми  и е песна која го потсеќа слушателот на среќните, безгрижни моменти во животот.

„Talk to Me“ е компонирана, продуцирана и аранжирана од Александар Масевски. Стиховите се на Андреа Коевска и Александар Масевски, а мастерингот го изработил Darius van Helfteren.

За песната е снимено и видео кое го потпишува режисерот Владимир Митревски – „Ѓуле“, а во него покрај Андреа се појавуват уште и црномурестиот Амир Смит, како и танчериите од  „Тhe Beatrix dancers“.