Промотер

Магдалена Цветковска со нова песна – „Ко да нема утре ден“ (ВИДЕО)

Магдалена Цветковска со нова песна – „Ко да нема утре ден“ (ВИДЕО)

Најавената нова песна на Магдалена Цветкоска Ена – „Ко да нема утре ден“ – конечно ја здогледа виделината на денот. Се работи за разиграна летна ар ен би нумера, која претендира да биде само уште еден вонизата хитови на талентираната пејачка и авторка.

Овој пат покрај вообичаеното авторство кога е пишувањето на стихови како за своите, така и за многуте туѓи песни во прашање, Ена заедно со нејзиниот брат Лазар Цветкоски се јавува и како коавтор на музиката на нејзината најнова песна. Аранжманот, миксот и мастерингот вообичаено се на дело на брат и Лазар, кој ги свири и сите инструменти, а пее и дел од придружните вокали, заедно со самата Ена, додека песната е снимена во нивното домашно студио.

Во исто време со песната се појави и видеото за неа, а овој потенцијален летен хит го визуализираше нивниот веќе редовен соработник Даниел Јовески.

Соодветно за летниот ритам на песната, видеото се снимаше на егзотичните плажи во Кушадаси во Турција, поточно во „Омер холидеј ризорт“.

Никој не знае денот што ќе донесе…“ – пее Магдалена, но ако поутрото денот се познава, ова лето ќе се памти по уште еден хит од фабриката за музичка забава на семејството Цветковски.