Промотер

„Љубојна“ со „Љубов по Татунчо“ (ВИДЕО)

„Љубојна“ со „Љубов по Татунчо“ (ВИДЕО)

Македонската етно група „Љубојна“, има нова песна и видео насловени „Љубов по Татунчо“. Всушност се работи за тема напишана од брачната двојка Јосифовски кои музиката која ја правеа за македонскиот игран филм „Стела“ на режисерот Стојан Вујичиќ, чија премиера се очекува наскоро, ја потпишаа со името на групата.

Како композитор и аранжер се јавува Оливер Јосифовски, додека текстот на песната е на Вера Јосифовска.

Видеото за темата е снимено во продукција на Dream Factory Macedonia и TulipPro, а музиката е снимана и продуцирана во студиото „Подрумот“ на Ангел Ќосев. Темата „Љубов по Татунчо“ е истовремено и најава за новиот албум на Љубојна на кој ќе се најде комплетната музика од филмот „Стела“.

Во меѓувреме уживајте во темата која го најавува проектот – „Љубов по Татунчо“.

Останати вести од Промотер