Промотер

„Љубојна“ со филмска екранизација на симфониската „Севдо ле“ (ВИДЕО)

„Љубојна“ со филмска екранизација на симфониската „Севдо ле“ (ВИДЕО)

„Драги фанови. Тазе од “кујната” на Љубојна. Погледнете го официјалното видео од нашиот нов сингл #СевдоЛе од албумот со Џијан Емин и Maкедонската филхармонија, кој излегува наскоро, насловен „Phonic Silence“. Благодарност до целата екипа која неуморно работеше на спотот и луѓето кои беа постојано околу нас за сé што ни треба“ – напишала вокалистката Вера Милошевска во најавата за новото видео на етно групата „Љубојна“, за песната „Севдо ле“.

Инаку, видеото се снимаше уште летоска под режисерската палка на Сашко „Потер“ Мицевски во продукција на продуцентската куќа „Охо“.

Уште тогаш, судејќи според споделените фотографии, беше извесно дека не очекува уште една одлична екранизација во која главните улоги ги добија актерите Наталија Теодосиева и Димитрија Доксевски.

 

Новото видео се снимаше токму во пресрет на концертот што „Љубојна“ го одржа на 7 август 2019  во „Антички тетатар“ – Охрид, во рамките на годинешното „Охридско лето“.

 

Инаку групата 2019 година ја започна со спектакуларниот концерт со Македонската филхармонија, одржан на 1 февруари, кога публиката уживаше со новите аранжмани на маестро Емин Џијан од каде е темата за „Севдо ле“, а во март од страна на  „Кроација рекордс“ беше објавен и албум со нивните најголеми хитови.

Музиката е на Оливер Јосифовски, стиховите се на Вера Милошевска, миксот и мастерингот на Анѓел Ќосев, во чије студио „Подрумот“ е сниман материјалот, за чија оркестрација, инструментализација и аранжман се погрижил маестро Емин Џијан.

И додека чекаме наскоро  да се појави и комлетниот материјал за новиот албум на „Љубојна“ чие излегување е најавено за идниот месец – октомври 2019, уживајте во филмската екранизација на првиот сингл симнат од него, темата „Севдо ле“.