Промотер

Лина Пејовска се одлучи за винстинскиот избор со „Одлучи се“ (ВИДЕО)

Лина Пејовска се одлучи за винстинскиот избор со „Одлучи се“ (ВИДЕО)

Лина Пејовска и Дарко Димитров одлично си поминуваа во студио додека работеа на новата песна насловена  Одлучи се“,  која се појави во комплет со видеоспот.

Станува збор за вистинско освежување на македонската, но и регионалната сцена, имајќи предвид дека песната е снимена во две верзии – на Македонски и на Српски јазик, а сето тоа визуелно спакувано од Бошко Столиќ и продукцијата „Меџик рекордс“.

Сето ова придонело целиот производ да звучи и изгледа свежо, ултрамодерно и тренди.

Димитров, кој ја потпиша и макфестовската балада „Ако ме сакаш“, е автор на музиката, аранжманот и продукцијата, а стиховите на македонски ги напишала Елена Ристеска, додека препевот на српски го направил Владимир Даниловиќ.

Овој одличен сингл е чекор во вистинската насока за младата ѕвездичка на Пинк, за која веруваме дека ѝ претстои успешна и блескава кариера, која и ја предвидуваат и српските медиуми.

Како изгледа и звучи „Одлучи се“, дознајте во продолжение.