Промотер

Лилит ве водат на музичка прошетка низ нивната – „Миризлива градина“ (ВИДЕО)

Лилит ве водат на музичка прошетка низ нивната – „Миризлива градина“ (ВИДЕО)

После краткото затишје по нивниот прв сингл под име Чудо”, „Лилит (Lilit)“ се вратија во етерот со нивната „Миризлива градина”.

Симбиозата од различни музички стилови, крунисана со нивниот препознатлив џез призвук,  ја пренесува пораката која е носечки столб на филозофијата на „Lilit“ –  сите делови на животот се испреплетени во еден круг и магичен циклус, а нашиот начин на размислување е оној кој одлучува дали тие делови ќе се синхронизираат или уништат едни со други.

Комплетен автор на новата тема е Трајко Симоновски- Таци, кој ги потпишува музиката, аранжманот и стиховите на песната која јсо својот специфичен вокал ја обоила Емилија Колоска.

Како режисер се појавува Кристина Нановиќ со нејзината препознатлива естетика. За завршната магија на спотот, со видео монтажа се погрижи Бобан Костовски, а миксот и мастерингот ги направил Љупчо Соколовски.

Погледнете го новиот видео спот во кој „Лилит“ ве водат на музичка прошетка низ нивната „Миризлива градина“ .