Промотер

„Либеро бенд“ – „Дел по дел“ до зацртаната цел (ВИДЕО)

„Либеро бенд“ – „Дел по дел“ до зацртаната цел (ВИДЕО)

Во ова време – невреме,  малкумина се изведувачите кои работат, снимаат и вложуваат во својата кариера. Едни од ретките се момчињата од „Либеро бенд“, кои периодов  неуморно работеа во студио на својот нов проект.

Пред само еден месец објавија низа од преработки на познати хитови од Балканот, со кои привлекоа големо внимание во јавноста, не само во Македонија, туку и пошироко. Но, бендот не застана тука, правејќи нешто кое ќе биде уникатен авторски белег кој ќе остави трага на македонската музичка сцена.

Без никакви ограничувања во правецот кој го третираат, тие одлучија да се појават со нова летна песна „Дел по дел“, направена во реге – поп стил, која има предиспозиции да биде голем летен хит.

Музиката, текстот и аранжманот како комплетен автор на песната ги потпишува тапанарот на бендот – Дејан Стојановиќ, додека миксот е на Иван Јамандиловски, а мастерот на Дарко Димитров.

 

„Дел по дел“ е нивното најново музичко остварување, за кое тие снимија и видеозапис чија режија ја потпишува Алек Тасевски кому во реализацијата му помогнал Елмир Шумански. Спотот е снимен на терасата на еден познат скопски ресторан.

Опуштена атмосфера, музика, забава на отворено, коктели, млади девојки и момчињата од бендот, како синоним за вистинска летна журка… Она што е дел од животот на младите, кој во момнтов најмногу им недостасува.

 

Во продолжение слушнете ја новата песна на „Либеро бенд“ и се разбира, погледнете го видеото за „Дел по дел“:

Останати вести од Промотер