Промотер

„Last Expedition“ и пријателите од силната љубов кон место во кое живееме ја создадоа – „Мајка“ (ВИДЕО)

„Last Expedition“ и пријателите од силната љубов кон место во кое живееме ја создадоа – „Мајка“ (ВИДЕО)

Во море на патриотски и навивачки песни, една тема побудува особено внимание. „Мајка“ – новата песна на „Last Expedition“  и пријателите се издвојува според исклучителен сензибилитет, каков ретко се забележува во денешно време.„Мајка“ се роди едно утро, спонтано, од силната љубов кон место во кое живееме – вели Енис Хаџиќ – Енко, лидерот на култниот македонски бенд.

Песната е истовремено химна, класика и оперска арија, а всушност е рокенрол.

„Свири ‘Експедишн’ во полн состав, а гостуваат пријателите, еден куп. Најпрвин Дино Имери, еден од нашите најдобри пијанисти, потоа тенорот Христо Арсовски, попознат како Ричи Мерцедес, познат автомеханичар, еден неверојатно талентиран самоук оперски пејач, кој подготвува таков албум, и Kaly, која оперскиот дел го има во женска верзија. Секако, тука е и голем, 20-член хор на наши другари, кои се дел од песната. Затоа „Мајка“ е дело на сите нас – „Ласт Експедишн“ и пријателите –вели Енис Хаџиќ.

За песната е реализирано лирик-видео, со преубава зајдисонце фотографија на Дарко Стојановски, забележана на Преспа.

Дека сето тоа звучи изгледа одлично без сомнение, проследете во продолжение: