Промотер

Лара Иванова јавно објави дека е – „Полудена по тебе“ (ВИДЕО)

Лара Иванова јавно објави дека е – „Полудена по тебе“ (ВИДЕО)

Младата пејачка Лара Иванова само ден-два откако прку „Промостејџ“  ја најави, денес, 20 октомври 2020 година точно напладне ја промовираше и новата песна насловена „Полудена по тебе“.

Ова е нејзина трета композиција, по претходната тема „За нас“ со која се претстави на последното издание на „Макфест“ со која го привлече вниманието на јавноста.

За новата песна „Полудена по тебе“, Лара изјави:

„Оваа песна е уште едно остварување на моите соништа и морам да признаам дека сум многу возбудена. Впрочем, секое ново музичко парче кое ќе излезе од студио прави да се чувствувам така. Се надевам ќе уживате во неа, исто колку што уживам и јас“ –  вели младата Лара, која како ново лице полека ја освојува домашната естрада.

„Полудена по тебе“ има и англиска верзија на песната насловена како “Crazy about you”.

Музиката на „Полудена по тебе“ ја потпишува композиторот Иле Спасев, а за текстот се погрижил Робин Зимбаков, додека свој печат со сценариото за видео записот ставил режисерот Горан Симјаноски.

Локациите каде што е снимен спотот се  околу објектот на ГТЦ и скопската населба Аеродром.

Имено, младата пејачка постојано е во студиото на продуцентот Иле Спасев, со кого веќе работат на нова песна која би требало да биде готова до Нова Година.

Во меѓувреме, погледнете го видеото и уживајте во звуците на… „Полудена по тебе“:

Останати вести од Промотер