Промотер

Лара Иванова ја промовираше и англиската верзија на песната „За нас“, насловена како „Goodbye – Break Up Song“ (ВИДЕО)

Лара Иванова ја промовираше и англиската верзија на песната „За нас“, насловена како „Goodbye – Break Up Song“ (ВИДЕО)

Младата македонска пејачка Лара Иванова ја промовираше и англиската верзија од песната „За нас“, овој пат насловена како „Goodbye (Break Up Song)“.

За нејзината македонска верзија веќе пишувавме, а повеќе можете да прочитате и да се потсетите во насловот подолу.

Музиката и аранжманот на оваа емотивна балада се на композиторот и продуцент Иле Спасев, за текстот е заслужен Робин Зимбаков, додека за видео записот се погрижи Огнен Шапковски.

Како звучи „Goodbye (Break Up Song)“ на Лара проследете во видеото во продолжение, кое е (речиси) идентично со оноа од македонската верзија, која пак да потсетиме, беше прогласена за песна на неделата од Македонија на “Sounds European”, музички портал основан од Дејв и Филипе каде ги претставуваат најдобрите изданија на европската поп музика.