Промотер

„Корона чао“: Александар и Дац снимија кавер верзија на „Bella ciao“ (видео)

„Корона чао“: Александар и Дац снимија кавер верзија на „Bella ciao“ (видео)

Во време на коронавирусот, корна, пандемијата која владее во целиот свет многу јавни личности, но и многу аматери, непознати и анонимни лица снимија песни за короната.

Александар Митевски и Драган Спасов – Дац направија кавер на познатата „Bella Ciao“, во придружба на Брастет Скопје.

Верзијата е направена за еден ден, од идеја до реализација, со многу љубов 🙂 Спотот е снимен во карантин, во домашни услови на учесниците, без користење на професионални камери и светла.

Снимен на телефони, а истотака, измонтиран од музичката екипа. Оваа песна е дел од серијалот на Дац и Александар и нивните секојдневни “карантински”  онлајн настапи настапи на FB.

Во продолжение слушнете како звучи „Корона чао“.

Останати вести од Промотер