Промотер

„Колектив бенд“ со музичка видеоприказна за нивниот роден крај – „Тиквешкиот рај“ (ВИДЕО)

„Колектив бенд“ со музичка видеоприказна за нивниот роден крај – „Тиквешкиот рај“ (ВИДЕО)

„Колектив бенд“ од Кавадарци неодамна ја промовираа својата прва авторска песна. Се работи за шлагерот „Тиквешки рај“.

Креативниот тим е во состав од членовите на „Колектив бенд“: Антонио, Мартин, Лазар и Влатко. Автор и продуцент е Лазар Каров.

„Другарот Лазар долги години живее и работи во САД, но љубовта кон родниот град, маалото, фамилијата, се неговата инспирација за творештво и напредок, па и покрај далечината со желба да направи нешто за своето родно место, ја компонира песната „Тиквешкиот Рај” и ја подарува на „Колектив бенд“, за што сме бескрајно благодарни. Уште еднаш од срце му се заблагодаруваме на нашиот Лазар и му посакуваме успешна кариера“, велат од „Колектив бенд“.

Слушнете ја музичката приказна и погледнете го видеото на кавадаречката дружина „Колектив бенд“ за животот во во нивниот роден крај, „Тиквешкиот рај“: