Промотер

Кога свират „Бонгас и гитарес“ – „Паѓам на спомени“ (ВИДЕО)

Кога свират „Бонгас и гитарес“ – „Паѓам на спомени“ (ВИДЕО)

„Паѓам на спомени“ е првата авторска песна на неготинското поп дуо „Бонгас и гитарес“ (Bongas And Guitares), која музичарите ја објавија непосредно пред крајот на 2018 година.

Автор на музиката е вокалистот и гитарист на дуото, Дејан Ѓорѓиев, а стиховите ги потпишува Ивана Димова, додека аранжманот е на Филип Стевановски.

Сето тоа визуелно го дополни Лазар Сотиров, кој се погрижи за режијата и монтажата на видеото. Втората половина од дуото кое постои од  2016 годинаго сочинува перкусионистот Лазар Сотиров (конги и тапани).

Изминативе две години тие беа доста зафатени со настапи ширум Македонија, изведувајќи бројни домашни и светски хитови, а оваа прва авторска песна е одлично дополнување на нивниот богат „тезга“ репертоар. Како звучи и изгледа првенчето на „Бонгас и гитарес“ дознајте во продолжение.

Извор:РадиоМК