Промотер

Кога Стојне Николова дава ишарет со… „Око мое“ (ВИДЕО)

Кога Стојне Николова дава ишарет со… „Око мое“ (ВИДЕО)

Динамитната струмичанка, Стојне Николова има нова песна и видеоспот за неа. Овој пат телесните атрибути и сиот свој сексапил ги заменила со играта на погледите, со говорот на очите кој многу повеќе зборува кога ќе се јави меракот, отколку било кој кажан збор. Токму таков наслов  – „Око мое“ носи и самата песна, чија музика и аранжман ги потпишува постојаниот соработник на пејачката – Бобан Мојсовски, додека стиховите се дело на проверениот лиричар, текстописецот Огнен Неделковски. 

Песната е снимена и продуцирана во музичкото студио „Анастасија“, а во нејзината реализација уште учествувале и Јане Рафаиловски на кларинет и Дуле Божиновски на хармоника.

Видеото за песната е реализирано од Ин продукција, а неговата реализација ја потпишува Ване Петковски. Истото е снимано во просторот на еден од најелитните скопски ресторани „Воденица Мулино“, а во видеото покрај џепната фолк венера и придружната група музичари, се појавуваат и членовите на ансамблот „Студио Фолклор“, кои со својатра изведба ја надополнуваат визуелната слика, давајќи им го потребниот изворен шмек и на видеото и на самата песна, која е реализирана токму во таков стил и амбиент.

Стојнето и овој пат покажа дека подеднакво добро го владе фолклорот – и оној изворниот и овој новосоздадениот, зашто иако се работи за новокомпонирана песна, сепак „Око мое“ во себе ја носи душата на македонскиот изворен фолклор.

Како звучи и изгледа кога Стојне Николова дава ишарет со „Око мое“, проследете во продолжение: