Промотер

Кога ќе се здружат „Баклава“ и Дарко Рундек, песната мириса на „Рузмарин“ (ВИДЕО)

Кога ќе се здружат „Баклава“ и Дарко Рундек, песната мириса на „Рузмарин“ (ВИДЕО)

„Баклава“ и Дарко Рундек го претставија заедничкиот проект. Станува збор за темата насловена „Рузмарин“, чии автори се Елена Христова (музика) и Дејан Сибиновски (текст).

Снимањето се одвиваше во студија во Скопје и во Загреб, а за миксот и мастерингот се погрижи Мите Димовски во неговото студио „Тралала“.

Во создавањето на „Рузмаринот“ учествувале и Дејан Теодосиевски на виолончело, Драган Стојковски на бас и тамбура, Александар Николовски на труба, Петар Христов на кларинет и на саксофон, Јордан Костов на хармоника,Валон Адеми на виолина, Игор Стевковски на тапани,Трајче Ристов на дарбука и Сибо на даф.

Сибо воедно се потпишува и како режисер на видеото, кое го реализираше заедно со Огнен Ацевски и продукцијата „Моментс“. Песната ќе биде сместена на претстојниот, четврт по ред албум на „Баклава“, кој симболично ќе го носи насловот „The Four“, а ќе ги наследи првенчето „Баклава“ (2007), „Калемар“ (2008) и „Me mankas mucho“ (2011).

Кога ќе се здружат „Баклава“ и Дарко Рундек, песната мириса на „Рузмарин“, а звучи и изгледа вака: