Промотер
меѓу две „ѕверки“...

Кога ќе се спојат две македонски секси убавици на едно место, настанува… „Трепет“ (ВИДЕО)

Кога ќе се спојат две македонски секси убавици на едно место, настанува… „Трепет“ (ВИДЕО)

Во време-невреме кога ништо не се случува, кога се бориме за здив, за парче небо и убава вест, создавањето уметност ни доаѓа како награда. Како Божји дар, кој ќе ни го разубави денот, поправи расположението, разведри атмосферата која веќе со месеци е напната, тмурна и мрачна заради чумата на 21 век, коронапандемијата и борбата со неа.

Токму затоа и повеќе радува кога две уметнички души ќе се спојата во едно заедничко парче музика. До душа можеби не баш најнова, но сепак наша, македонска, само овој пат поинаку препеана, преаранжирана, прераскажана со поинакви звуци и тонови, обоена со поколоритни ноти, со специфики која секоја од нејзините изведувачи ја носи во себе.

И кога на сето тоа ќе и се придодаде визуелизацијата на нивниот музички израз, спојот на двете македонски секси убавици на едно место предизвикува… „Трепет“.

И тоа онаков како што треперат жиците на харфата и гитарата, трепет каков што Сара Мејс и Марија од  дуото „Ај Кју“  го создадоа со нивната  интерпретација на старото макфестовско музичко дело, како благодет  за уживање во овие есенски денови.

Песната и стиховите се инаку авторско дело на самата Сара Костадиновска и е настаната пред неколку години, кога на „Макфест“ ја изведе Тања Би, тогаш во аранжман на Дамир Имери.

Идејата одново да ја преработи во соработка со „Ај Кју“ потекнала од посилната половина на дуото, Бојан Трајковски, а во ваква или слична верзија беше премиерно изведена од Сара Мејас и Ај Кју на последниот „Skopje Unplugged 2020“ на скопски Камник.

„Бојан и Марија честопати ми зборуваа за оваа песна. Ова лето го искористивме слободното време што го имавме повеќе од вообичаеното, ја стокмивме „Трепет“ и ја отсвиревме премиерно на Skopje Unplugged 2020. Ни се допадна изведбата и како сето тоа звучеше, па решивме да ја крунисаме со спот за да влеземе со трепет во есента“.

„Ова е за сите оние што знаат да уживаат и се среќни со тоа што го имаат“ – ќе изјави Сара за настанувањето на „Трепет“.

Доживејте го и вие аудио-визуелно нивниот „Трепет“, овој пат заеднички преаранжиран од самата кантавторка Сара Мејс и Ај Кју, снимена во студиото „Подрумот“, а визуелизирана од Кристијан Шемко.

Уживајте во видеото во продолжение:

 

 

 

Останати вести од Промотер