Промотер

Кога Дијана ОГ ќе се појави, мириса на – „Беља“ (ВИДЕО)

Кога Дијана ОГ ќе се појави, мириса на – „Беља“ (ВИДЕО)

Дијана Дурлевиќ е 19-годишна скопјанка која кариерата ја започна како млада поетеса, а зад себе има објавено шест збирки поезија. Но нејзиното „второ јас“ ќе ја втурне во светот на музиката и естрадата, па така Дијана Дурлевиќ ќе стане Дијана ОГ која публиката ја препознава како траперката која е без влакна на јазикот, како во стиховите на своите песни, така и во изјавите и интервјуата што ги дава.

За разлика од оние естрадни ликови кои пеат едно, а зборуваат друго, кај оваа млада девојка важи: „Што на ум, тоа и на друм“.

Затоа Дијана и нема баш проблем да каже кого не може да гледа и кој ја вади од кожа. Признава дека искреноста и донела низа неволји, ама вели не се оптоварува со тоа. Иако сега поезијата е ставена на пауза заради музиката, таа открива дека пишувањето е нејзина голема љубов и нема да се откаже од неа.

„Не ни сакам да ме споредуваат со никоја, зашто сум најгоре, над сите женски артисти кај нас“ – порачува Дијана во свој стил и открива дека е во преговори со естрадни имиња од соседството за дует.

За кусо време оваа млада девојка успеа да сними дури 7 песни и исто толку видеа, од кои последното насловено „Беља“ кон крајот на минатата година.

Музиката и стиховите се нејзино авторство, битот е на Joezee Production, додека миксот и мастерот ги направил Марио Јелиќ – Кун, како и аранжманот заедно Антонио Стојановски – Тонито,  момчињата од популарното трап дуо „2Бона“.

Комплетната реализација на видеото за песната ја потпишува SteadyFlow, а како изгледа кога Дијана ОГ ќе предизвика женска „Беља“, проследете во продолжение: