Промотер

Кирил Џајковски се враќа со – „Reminder“ (ВИДЕО)

Кирил Џајковски се враќа со – „Reminder“ (ВИДЕО)

Македонскиот DJ, композитор и продуцент Кирил Џајковски по подолга дискографска пауза, се враќа на сцената со нов сингл насловен „Reminder“,кој проследен и со одличен видео спот, кој премиерно беше претставен денес,петок, 21 декември, точно на пладне.

Новата песна ја претставува и првата соработка на Џајковски со вокалистот Дејвид Лајон (David Lion), кој е нов член во неговиот концертен бенд и е прво издание во низата синглови со нова музика на најпопуларниот македонски електронски артист што ќе бидат објавени во текот на следните месеци.

Синглот „Reminder“ ќе го објави „Филтер лејбл“, а од денес е достапен за слушање и симнување преку сите водечки дигитални сервиси во светот.

Премиерно слушнете ја песната и погледнете го видеото: