Промотер

Кавадаречко музичко освежување: „Sound Impulse“ со првенчето „Есента во мојот крај“ (видео)

Кавадаречко музичко освежување: „Sound Impulse“ со првенчето „Есента во мојот крај“ (видео)
фото:принтскрин/јутјуб/саунд импулс

„Sound Impulse“ е името не новиот музички состав од Кавадарци кој деновиве го промовира своето првечнче со наслов „Есента во мојот крај“.

Песната е комплетно авторско дело на Александар Бошев кој наедно е вокалистот на групата, Виктор Кимов на гитара и Дејан Митрев на бас.

Во време на доминација на модерната електронска музика, „Sound Impuls“ се навраќаат на добро познатиот алтернативен рок, правец кој го акцентираат од нивното музицирање и инспирација.

За песната е снимен и видео запис кој е изработен од Диме Стаменов, а во приказната доминира есента и романтиката водени по текстот на песната.

Инаку, „Sound Impulse“ се формираат оваа 2020 година, поточно пред неколку месеци во кои активно работат на авторска музика.

Наскоро најавуваат уште еден сингл, овој пат на англиски јазик, кој ќе биде динамичен прогресивен рок.