Промотер

Јованче Тодоров повеќе не пие со неа – „Макијато“ (ВИДЕО)

Јованче Тодоров повеќе не пие со неа – „Макијато“ (ВИДЕО)

Велешкиот музичар Јованче Тодоров ја претстави својата прва авторска песна насловена „Макијато“, на која се потпишува и како автор на музиката и на стиховите, додека  аранжманот и студиската обработка (снимање, микс и мастеринг), ги потпишува Драган Ристовски-Дац, кој стои и зад снимањето на видеото со  неговото „ДРД студио“ од Скопје. Придружните вокали ги пее Сара Николовска, а гостин на трумпет во песната е Стефан Котески.

Видеото е снимено на брод ресторанот „Панини“ лоциран на брегот на Велешкото езеро. Во него како протагонисти покрај Јованче и музичарите, како статисти и артисти се појавува и танцовата двојка Иван Јованов и Катерина Спасова од танцовиот клуб „Desiree“.

Тодоров е македонски пејач, музичар и композитор, роден во 1989 година во Велес. За првпат се запознава со инструментите клавијатура и хармоника на 4-годишна возраст.

Потоа од 8 години официјално  го започнува своето нижо музичко образование.  Активно почнува со настапи во ресторани и кафулиња од 17-годишна возраст.

„Почитувани дами и господа, животот е како молив кој секој нов ден е сè пократок, па затоа треба да се потрудиме со тој молив да создаваме убави дела, со цел да останат како трајна вредност. Токму затоа ви ја подарувам мојата прва авторска песна со наслов ’Макијато’, која се надевам дека ќе ви се допадне“, порачува Јованче.

Како звучи и изгледа неговото првенче во вид на музичко „Макијато“ дознајте во продолжение.