Промотер

Јоце Панов ја претстави свадбената „Љубовта денес победи“ на македонски (ВИДЕО)

Јоце Панов ја претстави свадбената „Љубовта денес победи“ на македонски (ВИДЕО)

Откако го објави видеото за хрватската верзија на песната „Данас је љубав побједила“  каде што главната улога ја има неговата сопруга Марина, Јоце Панов сега ја претстави и македонската варијанта насловена „Љубовта денес победи“.

Оваа балада, која е сместена на актуелниот албум „Ни Љ од љубовта“ е дело на хрватскиот композитор Миро Буљан и со стихови на Антонија Шола, за кои препевот на македонски го направи Иле Спасев.

За романтичната екранизација на свадбената приказна на младенците се погрижи режисерот Дарио Јанковиќ и неговата продукција „Генерал филм“, а како изгледа и звучи „Љубовта денес победи“ дознајте во продолжение.