Промотер

Ивона Јовановиќ со својата прва песна порача: „Убав е овој свет“ (видео)

Ивона Јовановиќ со својата прва песна порача: „Убав е овој свет“ (видео)

Ивона Јовановиќ од Куманово на македонската јавност и е позната по нејзиното учество во двете сезони на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Откако, не успеа да се пласира во првите 12 кандидати и го напушти музичкото шоу, Ивона истакна дека повеќе не се враќа во Гранд.

Меѓутоа, таа не запира на музички план. Деновиве, го сними својот прв сингл, односно песната „Убав е овој свет“, за кој снимаше и спот.

Текстот  и музиката се дело на Филип Неделковски, а арнжамнот на Дарко Тасев. Видеото е дело на Давид Радицевски и Александар Ризински, а во продукција на Давид Радицевски и Александар Комненовиќ.

За модел во спотот, Ивона го одбра нејзиниот пријател Марио.

Погледнете како изгледа првата песна на Ивона.