Промотер
ги вкрстија гласовите

Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова ја објавија својата прва заедничка песна – „Иста судбина“ (ВИДЕО)

Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова ја објавија својата прва заедничка песна – „Иста судбина“ (ВИДЕО)
фото: фејсбук

Македонската пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева е добра пријателка со хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова.

Нивното пријателство сега прерасна и во нивна заедничка соработка, oдносно снимија две песни  „Добро раѓа добрина“ и „Иста судбина“.

-Имавме идеја со Сузана да воскреснеме некои стари македонски и турски песни заедно со ансамблот Мерак Чалгии, кои се едни извонредно талентирани професионални музичари. Идејата да снимиме нови песни дојде на покана од нашиот најдобар текстописец Огнен Неделковски, поттикнат од нашето пријателство“, изјави Атиџе неодамна за „Женски магазин“.

Турунџиева на својот Фејсбук ја објави песната „Исти судбини“ а во видеото се нижат фотографии од Атиџе и Сузана.

Музиката и аранжаманот се на Роберто Кентаур Поп Димитров, а текстот е дело на Огнен Неделковски.

Во продолжение слушнете ја „Иста судбина“.