Промотер

Девојките од “The Chicks” ве водат на музичка прошетка низ нивното љубовно лудило во – “Insanity”(ВИДЕО)

Девојките од “The Chicks”  ве водат на музичка прошетка низ нивното љубовно лудило во – “Insanity”(ВИДЕО)

 По првите две песни од деби албумот кој го изададоа во месец април годинава насловен „Travelers“, трите велешанки од музичкиот бенд „The Chicks“ сега имаат уште едно, ново музичко надополнување со видеоспот.

Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова и Моника Ѓорѓиева, трите распени „пилиња“ од групата овој пат на својата публика им ја подаруваат третата песна од нивното прво дискографско остварување.

Велешанките  своето музичко патување зачинето со нивниот бакнеж го продолжуваат внесувајќи ги своите обожаватели  во ново музичко „лудило“, како што гласи и насловот на новата песна – “Insanity”.

Музиката и аранжманот се дело на Александар Чекреџи-Чекре, додека текстот е на “The Chicks”.  За аудио продукцијата се погрижил Александар Ристовски-Принц, миксот и мастерингот ги изработил  Златко Симионски -Зеко од  „ДоРеМи“ продукција.

Видеоспотот пак, е дело и креација на девојките “The Chicks” и Даре Димов, а главни актери во него се Сашка Манасиева и Ристе Димов.