Промотер

Имај ВИЗИЈА – „Убиј ја тишината“ (АУДИО)

Имај ВИЗИЈА – „Убиј ја тишината“ (АУДИО)

Песната  „Убиј ја тишината“ од македонскиот бенд  „Визија“ која е дел од нивниот прв студиски албум „Гласно!“, е објавена на нивниот официјален канал на Јутјуб и е достапна за бесплатно преслушување. Бендот го сочинуваат: Марко Џамбазоски (гитара/придружен вокал), Марко Гапо (вокал/ритам гитара), Лилјана Јанкова (бас гитара/придружен вокал) и Синиша Ѓорѓевиќ (тапани).

„Визија“ досега има настапено на дел од најголемите балкански фестивали како што се  „Егзит“, „Гитаријада“, „Лејк-фест“, „Миксер“ и нашиот „Таксират“, а одлични критики доби и од американското радио „Даблју-ем-би-ар“ (WMBR) и од британската музичка страница  „Имрџинг инди бендс“ (Emerging Indie Bands).

На нивниот канал на Јутјуб наскоро ќе бидат објавени и другите песни од албумот првенец, а веќе во подготовка е и материјалот за неговиот наследник. Бендот одржа и свој концерт во рамките на ревијалната програма на 31. издание на „Рок-фест 2018“,  на 28 април во МКЦ.