Промотер

Иако годинава снег не падна, „Паркети“ ја извадија својата „Санка“ (ВИДЕО)

Иако годинава снег не падна, „Паркети“ ја извадија својата „Санка“ (ВИДЕО)

По подолгата пауза, кон крајот на минатата 2019 година, некогашните битолски панкери, денес поп-рок бенд со висок рејтинг, „Паркети“ се вратија на сцената со нова песна, насловена „Е*иветер“.

Препознатливи по својот едноставен базичен рок ен рол звук, начинот на музицириња, имиџот, изгледот, начинот на живот, прилепската дружина и новата 2020 ја започнува со нова песна. И тоа со зимски наслов, кој раскажува животна приказна и опишува нечиј карактер. Иако годинава снег не падна, „Паркети“ ја извадија својата „Санка“!

Неодамна го завршија снимањето и постпродукцијата и заедно со видеоспотот ја објавија на “Јутуб“ како втор сингл, кој го најавува новиот албум.

Музиката и текстот се на  Симс Себастијан Паркет, песната е снимена во студио ателје “Даниел Митревски“, а придружните вокали ги пее Ирена Димовска.

Видеото го изработила продукцијата „Концепт“, а режијата ја потпишува Кети Талевска. Во него покрај членовите на бендот главната женска улога ја има моделот Софи Мицкоска.

Кој завршил со „месечината на дланка“, а кој „насанкан“, проследете во продолжение: