Промотер

Гуру Харе со мандолински оркестар и детски училишен хор од Свети Николе ја преработи својата – „Мајко“ (ВИДЕО)

Гуру Харе со мандолински оркестар и детски училишен хор од Свети Николе ја преработи својата – „Мајко“ (ВИДЕО)

Кон средината на минатата година македонскиот гитар- блуз мајстор Игор Атанасовски во јавноста повеќе познат под уметничкиот прекар Гуру Харе сними заедничка песна „Мајко“ со легендата на екс ЈУ и регионалната рок сцена, нашиот Аки Рахимовски – вокалистот на култните „Парни Ваљак“. Нешто подоцна истата ја визуелизираше и со спот во режија на Огнен Шапковски.

Повеќе од половина година подоцна, Игор Атанасоски – Харе направи преработка на истата тема, преточувајќи ја во интересна мандолинско – хорско верзија заедно  со Г.М.Д – Свети Николај од Свети Николе.

Аранжманот овој пат го направил диригентот Баже Стефановски, а Гуру Харе својата „Мајко“ ја изведува заедно со  мандолинскиот оркестар – Свети Николај и детскиот хор од основните училишта: Гоце Делчев и Кирил и Методиј од Свети Николе и Горјан Димовски.

За аудио снимањето и продукцијата задолжен бил Мите Димовски (Тралала студио), а изведбата ја  визуелизирала екипата на фото Кис. Режија и фотографија: Maxxxo, Камера: Дуле Јанев, Александар Гелевски, Александар Јанев, фотограф на сет: Дорина Јанева, монтажа: Дуле Јанев.

Како сето тоа звучи проследете во видото во продолжение: