Промотер

Гуру Харе и Тамара заедно во – „Љубов“ (ВИДЕО)

Гуру Харе и Тамара заедно во – „Љубов“ (ВИДЕО)

Гуру Харе или македонскиот музичар Игор Атансоски кој се крие зад овој прекар, има нова авторска песна. Како еден од најценетите македонски гитаристи, особено кога се „старите вредности“ во прашање како што се рокот и блузот, Харе е познат по соработката со многу домашни музичари, изведувачи, вокали…

Од придружната група на неприкосновениот Тоше Проески, која патем тој ја оформи, преки членувањето во „Меморија“, до соработката со Сашо Гигов – Гиш и Петар Ренџов во легендарните „Банкрот Блуз Бенд“, па се’ до песните и настапите со Игор Џамбазов или „Нокаут“ и уште безброј поголеми или помали музички проекти.

Последнава негова песна носи наслов „Љубов“ , а за свој соработник кој ќе и вдахне душа и совршено ќе ја отпее, харе овој пат ја одбра Тамара Тодевска.

„Да пееш за љубов, а тоа да не биде патетично, треба навистина да пееш од душа, а Тамара точно тоа и го направи. Таа ја има онаа „блуз жичка“ што мене ме придвижува и тоа е се’ што треба“ – вели Харе во  своето неодамнешно интервју за српскиот портал Опуштено.рс!   

Музика и текстот се на самиот Харе,  вокалите споменавме ги пее Тамара, гитарските делници, логично   ги псвири Харе, бас линиите Трајко Симоновски – Таци,  тапаните  Мите Димовски, а клавијатурите Дамир Имери.

Темата „Љубов“ е снимена и миксана во „Тра-ла-ла студио“ на Мите Димовски, а видеоанимацијата ја потпишува Александар Јанковиќ, со почит кон Рој Лихтенштајн, како што пишува.

Вака звучи и е визуелизирана „Љубов“-та на Гуру Харе и Тамара: