Промотер

Горан Папаз и Даз Флоу заедно во „Знам“ (АУДИО)

Горан Папаз и Даз Флоу заедно во „Знам“ (АУДИО)

Горан Папаз и Даз Флоу (Дарко Иваноски) повторно ги здружија силите во уште една заедничка тема, песна која е насловена – „Знам“!

Папаз се потпишува и како автор на музиката, стиховите се на Дарко, а аранжманот, продукцијата и гитарата се на Танче Гроздановски, со кого Горан го подготви и најавениот заеднички проект, албумот „Елегија“.

„На 19 мај 2011 година ја направив мојата прва песна ’Разбуди се’, на која ми гостуваше моето другарче Даз Флоу. Осум години подоцна си го пронајдов другарчето во Малта и направивме нешто ново за ова лето. Ќе има и трето во иднина, сигурен сум“ – напишал Папаз претставувајќи ја новата песна.

Како звучи сето тоа јас „Знам“, а преслушајте ја па дознајте и Вие: