Промотер

Ѓоко Јовиќ влегува на регионалниот пазар со „Мила моја“ (ВИДЕО)

Ѓоко Јовиќ влегува на регионалниот пазар со „Мила моја“ (ВИДЕО)

Македонскиот пејач Ѓоко Јовиќ покрај самостојната кариера заедно со своите „Енерџи бенд“ се обидува полека да влезе и на балканскиот, односно регионалниот  пазар на просторот на бившите ЈУ републики. Така тој заедно со „Енерџи бенд“ неодамна ја издаде песната „Тешко је у души“, а не мина многу време оттогаш, па еве го Ѓоко Јовиќ соло, со нова песна на српски јазик.

„Мила моја“ е нејзиниот наслов, чие видео заедно со песната премиерно беше претставено деновиве. Станува збор за авторско дело на популарниот пејач Пеѓа Меденица, чиј потпис стои на музиката и стиховите, а аранжманот, миксот и мастерингот се на Енџи Мавриќ.

Јовиќ заедно со Ксенија ги отпеа и придружните вокали, а сето тоа визуелно го заокружи екипата на охридската  „Ин продукција“.

Главните улоги во видеото им припаднаа на извесни Јоцо и Мартина, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение.