Промотер

Ѓоко Јовиќ ја пронајде својата – „Ѕвезда најсветла“ (ВИДЕО)

Ѓоко Јовиќ ја пронајде својата – „Ѕвезда најсветла“ (ВИДЕО)

Како што вели и песната „Ѕвезда најсветла“, така и Ѓоко Јовиќ е една светла точка во ова време – невреме кое го диктира коронавирусот со тоа што неуморно работи на нови проекти и и’ се оддолжува на публиката за сета почит која таа му ја дава и укажува.

Имено, оваа фолк балада е е дело на најдобрите автори, на братско-сестринскиот авторски тандем Лазар и Магдалена Цветкоски, кои го создадоа ова музичко парче, додека видеоспотот е снимен во далечната Австралија.

Во него главната улога ја има атрактивната австралиска девојка, а самиот Ѓоко се појавува како уметник кој на платно ќе ја наслика девојката со која што претходно, сосема случајно се запознава во ненамерен судир.

„Песната е испеана и посветена за публиката, но да бидам искрен, и за мојата сопруга Ивана која секогаш ми е најголемата поддршка за се што правам, и која ми е најголемата причина за среќа со тоа што ми подари три дечиња. Објавена е во време на пандемија предизвикана од вирусот баш со цел да ги охрабри и развесели сите слушатели, и да испрати една порака дека музиката е вечна, дека ништо, па и една ваква пандемија не може и нема да ни го скрати задоволството да уживаме пак сите заедно. Јас на тоа искрено се надевам и посакувам да се случи во што побргу“ –  вели Ѓоко.

Во продолжение погледнете го спотот кој што е направен од врвните професионалци Беби и и Омер од „М16“ во Сиднеј, во прекуокеанската Австралија:

Извор: естрада+