Промотер

Ѓоко Јовиќ и ја посвети на Македонија новата песна – „Прелетај соколе“ (ВИДЕО)

Ѓоко Јовиќ и ја посвети на Македонија новата песна – „Прелетај соколе“ (ВИДЕО)

Еден од најпознатите македонски фолк пејачи, Ѓоко Јовиќ, деновиве медиумски го промовираше спотот за најновата песна која носи наслов “Прелетај соколе”.

Музиката ја компонирал самиот Ѓоко Јовиќ, а аранжманот го направил Дамир Имери, додека стиховите ги напишал младиот, но веќе докажан текстописец Александар Стевановски. Песната е снимана и миксана од Љупчо Павловски кој го ирзботил и мастерингот и сето тоа во тонското студио „Анастасија“.

Видеото за оваа песна се снимаше на повеќе локации во Скопје и околината, а спотот и овојпат го изработија неговите долгогодишни соработници од ИН Продукција, а во него покрај пејачот како актер се појавува и г-ѓата Митра Дениќ.

 

 

Според авторот и пејач,  песната е посветена на нашата татковина Македонија, како што самиот Јовиќ истакна во неодамнешното интервју за ИН ТВ потенцирајќи дека истата е работена со многу труд и љубов, но сепак крајниот збор ќе остави да го каже публиката.

Во продолжение погледнете го видеото и уживајте во “Прелетај соколе”: