Промотер

Ѓоко Јовиќ и „Енерџи бенд“ во балкански поход со „Тешко је у души“ (ВИДЕО)

Ѓоко Јовиќ и „Енерџи бенд“  во балкански поход со „Тешко је у души“ (ВИДЕО)

Покај самостојните песни, македонскиот фолк пејач Ѓоко Јовиќ активно ја продолжува и соработката со „Енерџи бенд“, со кои се обидува да го освои балканскиот пазар.

Така, откако ја објавија „Ми имали смо све“, екипата деновиве ја претставија и новата заедничка песна насловена „Тешко је у души“.

Станува збор за авторско дело на добро познатите српски автори Саша Николиќ ( музика и аранжман) и Стеван Симеуновиќ (текст), додека за екранизацијата на песната се погрижила екипата на продукцијата „М16“.

Како изгледа и звучи сето тоа, дознајте во продолжение.